0 коментари 2 мин. читање 6 април, 2015

Марк Кушнер на TED: Зградите на иднината ќе бидат креирани… од вас

Новите медиуми и технологии, овозможуваат постојани и брзи промени во сите сфери, вели архитектот Марк Кушнер во својот TED говор. Тој зборува како архитектурата во последните 30 години ги користи новите медиуми за интеракција помеѓу архитектите и луѓето. Ова е најголема промена по пронаоѓањето на бетонот, челикот или лифтот, а станува збор за медиумска револуција, вели г. Кушнер.

„…Предложивме зграда чии дизајн беше толку храбар, толку различен од формите на кои се навикнати жителите, што бевме преплашени, заедницата беше преплашена и нашиот клиент беше преплашен, креираваме серија фотореалистични рендерирани слики и ги споделивме на Facebook и Instagram и оставивме на луѓето да кажат што мислат, да споделуваат и да коментираат.

Благодарение на ова, две години пред објекотот да биде готов, веќе беше дел од заедницата, па затоа кога рендерирањето беше идентично со финалниот изглед, немаше изненадувања. Објектот веќе беше дел од заедницата и првото лето, кога луѓето започнаа да доаѓаат и да ја споделуваат зградата преку социјалните медиуми, обејктот престана да биде здание и стана медиум, бидејќи фотографиите кои се споделени, не се слики на зграда, тоа се вашите слики од зградата. Вие ги користите да раскажете приказна, тие стануваат дел од вашиот личен наратив…

Ова значи дека нема потреба Грците да ни кажуваат што да мислиме за архитектурата. Ние самите може да се кажем што мислиме, бидејќи дигиталните медиуми не го променија само односот помеѓу нас, туку го променија односот помеѓу нас и зградите“

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top