OnePlus ја објави својата верзија на модифициран Android, која може да се користи на One паметните телефони. OxygenOS ќе го замени CyanogenMod-от кој се користеше за One телефоните на кинескиот производител. „Сакаме да потенцираме дека ја направивме првата верзија на оперативниот систем за вие (корисниците), да може да се вклучите во развојот на Oxygen. Да бидеме сигурни дека се движиме во вистинската насока потребно ни е вашето мислење“, велат од OnePlus.
Oxygen e базиран на Android 5.0 Lollipop, и има функциите кои се интегрирани во оперативниот систем, пример гестикулациите на екранот кои овозможуваат активирање на камерата или двојно допирање за „будење“ на уредот. Оперативниот систем овозможува поширока персонализација како промена на позадини, па се до промена на изгледот и распоредот на локациите на кои може да се постават иконите за апликациите. OxygenOS е веќе достапен и може да го преземете, а изработена е и фидбек апликација која овозможува едноставно споделување на на мислењето.








Малце сум разочаран од цела имплементација. Нема голем број на функционалности како што има Cyanogen или ParanoidAndroid, очекував повеќе од OnePlus и тимот кој стој зад овај ром. Немањето на функционалности го правдуват демек се обидувале да се држат што поблиску до сток андроид. Истиот момент кога ќе излези стабилна верзија на Cyanogen 12S се префрлам на него.