0 коментари 3 мин. читање 20 октомври, 2017

„Стартап бизниси за млади“ – нова мерка за намалување на невработеноста

Агенцијата за вработување на Република Македонија започна нова програма за намалување на невработеноста кај младите.

Заинтересираните претприемачи кои ги исполнуваат условите може да добијат неповрата финансиска помош во висина до 10.000 евра. АВРМ и досега имаше слична програма иако сумата која ја нудеа беше пониска.

Финансиската помош е наменета за млади лица до 29 години. Компаниите кои ќе бидат основани треба да бидат во некои од следниве сектори:

  • Земјоделство, шумарство и рибарство:
    • Одгледување на едногодишни насади и посеви
    • Одгледување на повеќегодишни насади и посеви
    •  Одгледување на саден материјал
  • Преработувачка индустрија
  • Информации и комуникации
    • Издавање на софтвер
    • Компјутерско програмирае, консултантски и сродни дејности
    • Обработка на податоци, хостирање и слични дејности, интернет портали
  • Објекти за сместување и сервисни дејности за храна
    • Услуги на доставување на храна и пијалаци за посебни прилики
    • Подготовка и послужување на пијалаци
  • Дејности на социјална заштита без сместување
    • Центри за давање помош и поддршка во домашни услови

Се чини дека името на програмата не е баш надобро избрано. Не секоја новоотворена компанија е стартап, ниту па може да биде. Сепак идејата да им се помогне на заинтересираните претприемачи да започнат самостојно да работат секако е за поздравување.

Претприeмачите кои ќе бидеат прифатени во програмата ќе добијат финансиска помош, но и совети.  Добра вест е дека учесниците ќе добијат менторска поддршка со инфорамции и совети за водење на бизнисот, но и советување од консултанти кои се специјализирани во клучни области.

Дополнителните можности и финансиските детали од програмата може да погледнете тука.

Заинтересираните лица, кои ги исполнуваат условите за програмата „Стартап бизниси за млади“, треба да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на АВРМ со цел аплицирање за учество во програмата. Аплицирањето трае до крајот на годината, 31 декември.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top