0 коментари 2 мин. читање 20 октомври, 2017

Следната година 66% од луѓето ќе користат паметни телефони

Бројот на сопственици на паметни телефони ќе продолжи да расте и во 2018 година. Ова се предведувањата на медиумската агенција Zenith. Ова значи дека важноста на мобилното рекламирање продолжува да расте и во 2018 година.

Сепак како и оваа година, заситеноста на пазарот придонесува до намалување на брзината сo која паметните телефони „наоѓаат“ нови сопственици. Причината за ова најверојатно треба да се бара во високата заситеноста на пазарот на развиените држави и лошата покриеност и куповна моќ во државите во развој. Во 2018 година бројот на нови сопственици на паметни телефони ќе порасне за 7%.

Во 2018 година се очекува дека дури 5 држави ќе имаат 90% пенетрација на паметни телефони на пазарот: Холандија (94%); Тајван (93%); Хонг Конг (92%); Норвешка и Ирска (91%). Други 11 пазари ќе бидат со пенетрација помеѓу 80 и 90%.

Најголем број на корисници на паметни телефони се: Кина, 1.3 милијарди корисници; Индија, 530 милиони и САД со 229 милиони корисници.

Пенетрацијата на паметни телефони профолжува да биде главен придвижувач на мобилниот интернет. Во 2018 година, дури 73% од интернет сообраќајот ќе доаѓа од мобилни уреди. Ова секако ќе се одрази и на рекламирањето.

Следната година ќе донесе стабилизација на бројот на таблет компјутери. Очекувањата се дека 20% од жителите ќе поседуваат таблет компјутер. Дури  59% од трошоците за интернет рекламирање во 2018 година ќе бидат за рекламирање на мобилни уреди.

„Износот на средствата што се трошат на рекламирање на интернет преку реклами на мобилни уреди, за прв пат оваа година ја надмина сумата потрошена за десктоп рекламите,“ велат од Zenith.

Анализата на Zenith е направена во 52 држави, во кои живее 65%од населението.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top