Стартап aлатки oд Brainster: Валидирајте ја вашата бизнис идејата со QuickMVP

во ИТ.МК, Совети

(„Стартап алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите)


Не секоја идеа може да прерасне во реален бизнис. Сите ние имаме идеи, некои одлични некои не толку добри. Но што е потребно да се однесе една идеја на следното ниво? Како може да докажеме дека од нашите идеи може да произлезат солидни бизниси?

Добрата работа е што живее во 21-от век, во ерата на технологиите. Со напредокот на технологиите и нивната апликација, се развија услуги кои што можат да ни помогнат во процесот на валидација на нашите идеи и воедно да видиме дали сме на правата патека кон започнување на нашиот бизнис. Една од ваквите алатки е и QuickMVP.

Како функционира?

QuickMVP ви овозможува да тестирате било каква бизнис идеа за само 5 минути, без притоа да имате потреба од кодирање! Комбинирајки Landing page со Google Ads, оваа алатка Ви овозможува да видите како реални потенцијални клиенти реагираат на вашата идеа, без притоа да потрошите многу време и ресурси. Она што ја прави оваа алатка интересна и различна од другите е токму комбинацијата (интеграцијата) помеѓу Landing Page Builder и Google Ads. Но, QuickMVP истовремено ви помага да ги идентификувате потребните метрики врз основа на кои ќе процените дали вреди да продолжите со реализацијата на оваа идеја и во иднина

Дали претходно спомнавме време и ресурси? QuickMVP чини само 30 долари месечно и ќе ви заштеди доста финансии и време (изразено во месеци) градејќи нешто кое нема да успее, и обратно; ако валидацијата на идејата е успешна – Welcome to the Millionaire’s Club!

Тестирањето на идеи не е нешто за кое се разговара/дискутира, туку нешто кое се учи правејки. Денес имаме можност и алатки да тестираме различни концепти без притоа да потрошиме многу ресурси. Валидирајте ги вашите идеи и освојте го светот!

Среќно,
Brainster заедницата

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk