Имаме многу пријатни спомени со Star Wars: The Old Republic. Ова е ММО игра која пласира комплексни наративни патешествија особено ценети од самостојните играчи. Паралелно со ова, нуди изобилство од модови за заедничко освојување на вселената, како и за меѓусебни пресметки. Но, скоро три години Star Wars: The Old Republic не се одликува со значајни надополнувања и, за многумина, многу е тешко да не се гледа на играта како да е на апарати за одржување живот.
Проширувањето Onslaught би требало да ја промени ваквата перцепција. Откриена на настанот SWTOR Chicago Celebration Cantina, за експанзијата се кажа дека ќе биде лансирана во септември, бесплатно за сите претплатници. Onslaught ќе понуди нова, игрива раса која се вика Nautolans, можности за понатамошно зголемување на нивото на вашите ликови и, најдоброто од се, нов фокус на борбата помеѓу Републиката и Царството (Republic vs. Empire).
Приказната во Onslaught ќе се одвива на планетата Onderon и во шверцерскиот центар во Мек-sha. На располагање ќе имате и нова операција на најголемата месечина на Onderon – Dxun, како и нов flashpoint на Corellia. Одговорните од Bioware ветуваат и нови начини на кои ќе можете да добивате опрема, предмети и колекции, но и нов Gear Slot со име Tactical. Овој slot е замислен да отвори порти за нови начини на кои можете да ги прилагодувате вашите способности.
Повеќе информации за експанзијата се очекува на лето. Како огромни фанови на играта, не можеме да го сокриеме нашиот ентузијазам. Ова е експанзија која доцни добри две години и останува да се види како ќе биде прифатена од фановите и дали и со какво темпо ќе бидат исфрлани експанзиите по Onslaught.
[…] Прочитај повеќе тука…IT.mk […]