1 коментар 2 мин. читање 4 август, 2011

Станете режисер со Canon EOS 5D Mark II

Кој би рекол дека дигитален апарат би можел да стане стандардна опрема за снимање филм. Колку и да е чудно, токму таква судбина доживеа апаратот Canon EOS 5D Mark II. Овој апарат својата премиера ја имаше во 2008, и од тогаш е еден од најпосакуваните дигитални апарати меѓу професионалните фотографи.

Најновата вест поврзана околу Canon EOS 5D Mark II, е неговата употреба при снимањето на блокбастерот Captain America. Според директорот на фотографија, Џонатан Тејлор, компактноста на овој апарат, т.с. можноста да се позиционира на места каде што стандардните филмски камери не можат, го прави идеален за снимање акциони секвенци. Canon EOS 5D Mark II може да снима целосно HD (1920 x 1080) видео, 24 кадри во секунда, што го прави компатибилен со стандардните филмски камери. Оттука можноста без никаков проблем да се интегрираат снимките направени со Canon EOS 5D Mark II со веќе снимените 35 милиметарски филмски ленти. Овој апарат исто така е употребен и при снимањето на минатогодишниот хит Iron Man 2.

Но покрај неговата употреба во Холивуд, Canon EOS 5D Mark II исто така си најде место и кај независните кинематографи. Филмот For Lovers Only на браќата Полиш, е снимен со буџет од нула долари, а веќе има заработка од 200.000 долари. Ова се должи на одличните перформанси кои Canon EOS 5D Mark II ги нуди. За да се уверите во неговите можности да снима целосно HD (1920 x 1080) видео, погледнете го трејлерот за филмот For Lovers Only. Уште еден независен филм, кој е снимен во еден континуиран кадар користејќи го овој апарат, е уругвајскиот хорор The Silent House.

for lovers only… from Polish Brothers on Vimeo.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Petre
Petre
14 years ago

Убиќете романтика е филмов… Него од кај буџет од нула долари, дај и јас да си купам 5D за нула….

Мени
Заедница
Изглед
To top