Οld Spice дуелот донесе повеќе од 22 милиони прегледи

во Веб

Според последните резултати на ΥouTube Trends, овогодинешната кампања на Old Spice во текот на еднонеделниот дуел на Фабио и оригиналниот Old Spice Guy – Изаја Мустафа, успеа да привлече 22 милиони посетители на официјалниот YouTube канал на Old Spice.

За потребите на „Mano a Mano En El Baño“ беа снимени повеќе од 100 видеа, од кои најгледано беше видеото во кое Фабио го предизвикува стариот Old Spice Guy на дуел. Ова видео имаше повеќе од 3 милиони прегледи, им се допадна на 3.215 посетители, а не им се допадна на 5.843 посетители. Официјалниот профил на Old Spice го достигна врвот на посетеност во среда, 27 август.

За споредба, минатогодишната Old Spice кампања донесе вкупно 82 милиони посетители, додека првото и најгледано видео на кампањата имаше околу 34,6 милиони прегледи. Иако бројките се драстично намалени од минатата година, сепак може да се каже дека и оваа година кампањата на Old Spice оствари голем успех. „Mano a Mano En El Baño“ успеа да ја оствари својата цел – привлекување на што повеќе посетители на YouTube каналот, пренесување на позитивните импресии, како и создавање голема фама за секое ново видео.

>Wieden + Kenedy, агенцијата која ја изработи оваа кампања за Old Spice, дефинитивно може да се прогласи за предводник во светот на виралните видеа, а Old Spice да се земе како одличен пример за интегрирана кампања спроведена преку социјални медиуми.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments