Само на „Cyber Monday“ на онлајн шопинг се потрошени над 11,3 милијарди долари. Ова е рекордна бројка за овој ден, и иако дел се должи на инфлацијата, забележан е и поголем интерес за купување, пренесе Adobe Analytics.
Годинава на Cyber Monday купувачите потрошиле 5,8 отсто повеќе отколку лани. Ова е рекорд и за годината. Продавачите можат да бидат задоволни од целиот викенд почнувајќи со „Денот на благодарноста“. Купувачите на овој ден потрошиле 5,2 милијарди долари, на „Црниот петок“ (Black Friday) 9,12 милијарди и за викендот пред „Cyber Monday“ – 4,6 и 4,96 милијарди долари. Продажбата од целата недела се проценува на 35,27 милијарди долари, што претставува 4-процентен пораст во однос на минатата година, пренесе TechCrunch.

Традиционалните попусти, по се изгледа оваа година ги мотивираа купувачите да се „фатат“ за паричниците. Најголем попуст од 34,1 отсто е забележан кај играчките; 23,9 за електронски уреди; и 16,5 отсто за апарати за домаќинство.
Помеѓу најпопуларни категории за време на биле гејминг конзоли, видеоигри, дронови, Macbook, лего коцки, паметни часовници… Интересно секој ден на листата на продажба се појавуваат различни видеоигри. На Денот на благодарноста најпопуларна е God of War Ragnarök, на „Black Friday“ Bluey и Call of Duty: Modern Warfare 2, а на „Cyber Monday“ Hot Wheels и Madden 23.
Во периодот кога купувачите биле најактивни, секоја минута биле купувани производи со вредност од 12,8 милиони долари.
Кога платформите се во прашање и натаму десктоп е омилена платформа. Купувачите кои пристапуваат од десктоп имаат 6,9% „conversion rate“, а од паметни телефони 3,6%.

За двата месеци пред новогодишните празници се очекуваат 210 милијарди долари. Ова вообичаено е период во годината во кој ама баш сите планираат да издадат или да имаат нови производи. Без разлика дали станува збор за паметни телефони, конзоли, таблет компјутери, различна електроника или видеоигри.
Од колкаво значење се двата месеци пред новогодишните празници најдобро покажува податокот дека во цела година досега се потрошени 180 милијарди долари. Поголем дел од купувачите се одлучиле да купуваат од десктоп на кој во моментов отпаѓаат 100 милијарди или 55,56 отсто.







