Stack Overflow: „Програмерите кои користат „Space“ за вовлекување заработуваат повеќе“

0 коментари 1 мин. читање

Дејвид Робинсон на Stack Overflow сподели чуден податок. Програмерите кои користат Space за вовлекување на кодот, заработуваат повеќе од оние кои користат Таb. Ако ова е изненадување за вас и не ви се верува, не сте осамени, најголем дел од коментарите го отфрлаат овој податок.

Анализата е направена врз основа на анкета на 28.657 корисници. Резултатите се повторуваат и кај програмерите кои работат во мали и големи компании и кај програмери со исто искуство и стаж, тврди г. Робинсон.

“На прашањето „Tab“ или „Space“ одговорија 28.657 испитаници кои за себе велат дека се професионални програмери. Во оваа група 40.7% користат „Tab“, а 41.8% користат „Space“. Двете ги користат 17.5% од испитаниците. Од сите испитаници кои одговориле на ова прашање, 12.426 одговориле и на прашањето за висината на платата.

Анализата на податоците покажува дека програмерите кои користат „Space“ за вовлекување заработуваат повеќе пари  дури и кога имаат исто искуство.“

Тешко е да се поверува дека користењето на Tab има било каква врска со висината на платата. Сепак во споделените податоци има и графикони во кои можете да ја видите заработката по држави, а оваа статистика е и поинтересна, а изгледа и поточна.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед