Српскиот стартап Cube доби инвестиции од 1 милион евра

во Вести

Српскиот стартап Cube доби нова инвестиција од South Central Venture. Со ова компанијата досега собра инвестиции од 1 милион евра. Инвестициите ќе бидат искористени за понатамошен развој на платформата која ја нуди Cube. Ова е најголемата инвестиција на Enterprise Innovation Fund  (ENIF) досега.

Cube е FinTech компанија, со платформа која на едно место овозможува податоци за финансиското и дигиталното работење на компаниите. Целта е корисниците да можат да дојдат до податоците за компаниите од доверливи извори, на само на едно место. Платформата собира податоци кои потоа ги презентира на начин кој им е разбирлив и на корисниците кои не се финансиски експерти.

Cube има над 1000 корисници од различни сектори. А, планот е да се разгранат и да станат повеќе од платформа која нуди премиум финансиски услуги. Компанијата нуди проценка на ризик, извештаи, мониторинг, анализа на пазар, податоци за конкуренцијата и трговијата, како и алатки за продажба за компаниите од Западен Балкан.

„Свесни сме за брзо растечката потреба за достапност на податоците и одлуките на корисниците базирани на тие податоци. Токму затоа, откако добивме над 1000 клиенти од различни бизнис сектори, се селиме на поуниверзална платформа која ќе не направи повеќе од премиум добавувач на финансиски услуги. Истовремено стануваме интересни за инвеститорите и за развивачите на софтвер кои сакаат да работат на интересни проекти и на нови решенија кои се креирани од нас…“, вели Марко Радојчиќ, ко-основач на Cube.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments