1 коментар 1 мин. читање

Српската Top Eleven сега има над 4 милиони корисници месечно

Една од најпопуларните фудбалски игри на Facebook, Тop Eleven на српската Nordeus, која неодамна стана поиграна и од Fifa Superstars, сега ја надмина и бројката од 4 милиони активни корисници месечно.

Top Eleven е стартувана пред една година, и е фудбалска игра каде играчот е менаџер на тим, со можност да купувац и продава фудбалери, да ги контролира финансиите на клубовите и секако има опција за натпревари меѓу пријателите.

„4 милиони се како нација и ова не прави да бидеме возбудени и нервозни во исто време, бидејќи – да бидеме искрени – кога има толку многу луѓе, има многу сугестии, забелешки, поплаки и секако многу фалење (ова ни се допаѓа најмногу, хаха), тоа значи дека се потребно многу тешка работа за да ги направите сите да бидат среќни, но ние постојано повторуваме дека ова немаше да се случува без вас – затоа и сме благодарни да ве имаме.“, им се заблагодарија дечките од Nordeus на фановите на Top Eleven.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top