Кога на 25 јануари 1947 Томас Т. Голдсмит и Естл Реј Ман го поднеа барањето за патент на нивниот „забавен апарат со катодна цевка“ најверојатно не се ни надеваа дека ќе започнат револуцијата во забавната индустрија. Играта е инспирирана од радарите кои се користеле во Втората светска војна. Апаратурата на која се игра е направена со аналогни елементи (вакумски цевки), а целта на играта е електронскиот сноп кој ги претставувал ракетите, да се насочи во целта, која во дадениот случај треба да биде авион и со притисок на тастер се симулира испалување на ракета. Со оглед на тоа дека оваа апаратура, е пред почетокот на компјутерската графика и интерактивност, „авионите“ биле нацртани на транспарента подлога и резултатот го регистрирале играчите кои играле.

Во 1952 Александер Даглас за потребите на својот докторат „Human Computer Interface“ ја развива играта X-O една од првите игри со „AI“. Ова е првата позната игра со компјутерски генерирана графика. Играта ја игра човек против компјутер, а користела алгоритми за компјутерот да победи секогаш кога е тоа можно.
Во 1958 за да им понуди забава на посетителите во Националната lабараторијата Брукхевен, Вилјам Хигинботам ја креира играта „Tennis for Two”. Хигинботам искористи еден од комјутерите кој се користел за пресметување на траекторијата на балистичките ракети, а за дисплеј го искористи лабаторискиот осцилоскоп. Електричното коло детектирало кога „топчето“ ќе удрело на „земја“ или во „мрежата“. За управување се користат аналогни алуминиумски контролери со нагодување на аголот под кој се удира и копче за удар. Поради тоа што оваа игра прикажува движење и графиката е содржана во самиот апарат ова се смета за почеток на видео игрите.
Во 1961 неколку студенти на МИТ универзитетот ја креираат играта Spacewar!, студентите користат мини-компјутер кој користел векторски дисплеј. Во играта два вселенски брода кој се затворени во гравитациското поле на една звезда, пукаат еден во друг со цел да се уништат меѓусебно. Играта има доживеано неколку римејкови и се смета за прапочеток на сите пукачки игри.
Во 1966 „таткото на видео игрите“ Ралф Баер продложува со првичната идеа да овозможи семејна забава за телевизиски видео игри и почнува да ги прави првите домашни конзоли. Во соработка со Баер, Бил Харисон ги израготува „светлосниот пиштол“. Веќе следната година за првпат излегуваат првите две ТВ видео игри Chase и Tennis Game. Во 1972 излегува првата телевизиска конзола за видео игри дизајнирана од Баер „Magnavox Odyssey“. Игрите за конзолата доаѓале во печатени електронски плочи преку кои се постигнувала посакуваната логика и електрични сигнали.
Првиот прототип на флипер е поставен во 1971 година во Универзитетот Стенфорд, на флиперот работеше модифицираната верзија на Spacewar!, апаратурата чинеше 20.000 долари, а процесорот дозволува работа со 4-8 терминали.
Конечниот напредок на раните видео игри доаѓа во 1972, со излегување на Pong, симулација на тенис или пинг-понг чија цел е да го победите противникот со добивање на повеќе поени. Изработвач на играта е Atari Incorporated. Без разлика на тоа што играта оства најголем дел од графиката на фантазијата на играчот (два правоаголници бркаат една коцка по екранот), играта набрзо станала хит и се смета за видео игра која го означува почетокот на индустријата за видео игри. Наскоро по Pong почнале да излегуваат голем број на игри кои со што започнува и златното време на флиперите.








Како детиште ја прекуцував сто сати играта PONG во BASIC на Acorn BBC model A. На средина, другар ми го закачи кабелот со нога и го исклучи компјутерот. По нови сто сати куцање, ја докуцав, поигравме малку, и не натераа да си легнеме. :-)
PS: Вакуум се пишува со две „у“.