AlmazanKitchen е најновиот хит YouTube канал од регионот што успеа да стигне до милион претплатници.
Станува збор за канал за готвење, но тоа го прават на специфичен начин, па интереснот на публиката не е изненадување. Идејата и реализацијата се на Бобан и Александар Алмажан, братучеди од Парачин. Засега каналот е само хоби, но ако продолжат со ова темпо, нема да биде никакво изненадување, каналот да им стане примарна дејност.
Видеата се снимаат насекаде низ Србија, но дури и ова не клучно за успехот. Една од работите која лесно се забележува е дека AlmazanKitchen не е фокусиран на регионот. Нема зборување, а дури и она малку текст присутен во видеата е на англиски јазик.
Продукцијата на епизодите е одлична, звукот речиси беспрекороен, па тоа што имаат по неколку милиони прегледи не е изненадување. Речиси сите видеа имаат над или околу 100.000 прегледи.
Каналот стигна до 1 милион претплатници за две години. Секако клучно за успехот е квалитетот на видеата и содржините. Дополнително, каналот привлекува две групи корисници. Едните љубители на готвењето, другите, љубители на природата. Овие две групи се прилично застапени на интернет, па интересот не е изненадување.