Еден од најпрепознатливите протагонисти од видеоигрите, симпатичниот „водоводџија“ кој постојано е на мисија да ја спаси принцезата, Супер Марио, оваа недела полни 30 години.
Играта првпат излезе на 13 септември 1985 заедно со фамилијарниот компјутер на Nintendo, иако Марио се појави многу порано во Donkey Kong. Она што е интересно е дека веќе се излезени 30 игри со Марио и Луиџи, а Nintendo огромен дел на својата популарност ја должи токму на Марио кој долго време е ексклузивно достапен за нивните конзоли.
Како благодарност за времето поминатo во забава љубителите на игрите креираа видео со кое ја покажуваат приврзаноста кон Марио. Влијателниот портал за видеоигри IGN ја прогласи Super Mario за најдобра игра на сите времиња, на честитките се приклучи и најголемиот пребарувач, кој во резултатите од пребарувањето за Super Mario Brothers скри „Easter Egg“.







