Апликација на денот: Брз трансфер на податоци со македонската NetSend File Transfer

во ИТ.МК, Мобилни

NetSend File Transfer е македонска Android апликација креирана од Александар Деспотовски, која овозможува брз и едноставен трансфер на податоци од еден на друг Android уред. За сега постои единствено Android верзија, но Александар најавува дека наскоро ќе биде достапна и верзија за десктоп компјутерите.

Откако ќе се запознаете со контролите апликација е супер едноставна за користење, што и според нејзиниот автор е една од најголемите предности. Доколку примате податоци, NetSend File Transfer ќе ви издаде код по кој ќе ги добивате фајловите, а истиот треба да му го испратите на испраќачот. Слично за испраќање на податоците е со добивање на кодот на примачот и негово внесување.

Големината на фајловите кои може да се префрлаат со помош на апликацијата нема ограничување, единственото ограничување е оставено на корисникот, а се однесува на мобилниот сообраќај кој може да биде ограничен, што со оглед на цената на овој сообраќај е сосем разбирливо.

„Апликацијата е безбедна, се остварува непосредна врска помеѓу два уреди, така што нема можност трет корисник да ја попречува или да краде податоци“, вели Александар Деспотовски.

За сега апликацијата овозможува трансфер помеќу Android уреди, но за брзо време треба да биде достапна и десктоп верзија, па можноста за трансфер од десктоп на таблет компјутер или телефон, NetSend File би можел да биде уште покорисен.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
дев
дев
10 years ago

Дизајнот е петка, само се надевам дека ќе има можност кога двата уреди (телефони, телефон и пц…) се на иста ЛАН мрежа трансферот да оди преку ЛАН, а не преку интернет, пошо е сто пати побрзо, а и веќе се на иста ЛАН мрежа.