Криптографски процесор кој може самиот да се уништи е новиот продукт на Xerox PARC

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет, Хардвер

Научниците од Xerox PARC креираа криптографски процесор кој може самиот да се уништи, а со тоа и да ги заштити податоците на корисниците, јавува Extremetech.

Првичната намена на чипот вусшност не е за обичните корисници, туку за војската, која наместо да испраќа тимови кои ќе ја обезбедат и вратат опремата, ќе може да ја уништaт од далечина без притоа да го доведуваат во опасност животот на војниците. Сепак иако Xerox PARC е финансиран од DARPA, технологијата без сомневање ќе пронајде простор и надвор од воените зони, пред се кога се во прашање деловни тајни, но и личните податоци за дел од корисниците.

Чипот на кој е криптоклучот е изработен на подлога од Gorilla Glass, а само-уништувањето е толку едноставно, што само потврдува дека генијалноста е во едноставноста. Кога ќе биде вклучено колото за самоунишување, се вклучува отпорник кој ја загрева плочката која се крши на најситни делови. Трикот е во стаклото кое е обработено и поради вграденото напрегање, веднаш се крши во најситни парчиња. Активацијата може да се направи со помошно електрично коло кое може да се активира или далечиниски или внатрешно.

Во моментов технологијата е во тест фаза, а на презентацијата за активирање на заштитата е користена фото-диода. Ако технологијата може да се активира со радиосигнал ќе биде интересно како ќе се заштитат истите од можни напади на непријателите кои во оваков случај наеднаш би можеле да ја избришат целата електроника, иако најверојатно криптиран сигнал би можел да биде користен за активација.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments