Adobe Premiere Elements е алатка која се одликува со одлични можности за автоматско создавање слајдшоу во фото и видео форма. Но, таквото нешто доаѓа со цена. Иако нѝ се допаѓа Sensei енџинот кој, темелен на вештачка интелигенција, допринесува до импресивен и софистициран краен резултат, Windows верзијата на алатката сепак не работи со HEVC и HEIF форматите, а и не поддржува VR видео во 360 степени, како и ред други работи, без да се претплатите на значително поскапата верзија. Поради тоа, не треба многу да се размислува за тоа дали да се оди со некоја бесплатна алтернатива.
Уште од 2008 година, OpenShot се бори за својата сенка под сонцето и се истакнува како солиден, бесплатен, open source видео уредник за Linux. Моментно, меѓутоа, се нудат и верзии кои беспрекорно работат и на Windows платформата и на macOS. На располагање имате сè што ви треба за уредување видеа, не исклучувајќи ја и препознатливата временска лента со едноставниот принцип на фаќање и пуштање елементи, како и можности за уредување и вметнување аудио елементи, и бројни мултимедијални ефекти и премини. Сево ова се испорачува со прегледи во реално време. Алатката најмногу ќе им се допадне на сопствениците чии телефони можат да снимаат во 4К резолуција. Таквите видеа можете да ги претворите во крајно професионални филмови со OpenShot.