0 коментари 1 мин. читање

Средете ги десктоп иконите со iTop Easy Desktop

Со децении начинот на кон иконите се сортираат и прикажуваат се нема значително променето. Што и не мора да значи дека е лоша работа; зошто да се поправа нешто што не е искршено?

Авторите зад iTop Easy Desktop не веруваат во оваа филозофија и со нивниот продукт го освежуваат и подобруваат начинот на кој се прикажуваат иконите. Автоматскиот режим на алатката ги средува иконите така што ги поставува во соодветни кутии. Па така, во една кутија ќе ги видите сите документи, во друга кутија ќе ги видите сите фолдери, а во трета одредени апликации.

Доколку решите да ги засукате ракавите, можете сами да создавате кутии, да ги именувате и полните со икони според вашите потреби, како и да ја менувате бојата и транспарантноста на кутијата. Ова во комбинација со алатката за автоматско менување позадини делува како идеална комбинација за освежување на дестоп околината.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top