Србија ги подели првите дозволи за крипто-менувачници

Овој месец Владата на Србија ги додели првите дозволи за работа на крипто-менувачниците. Дозволите ги добија менувачниците ECD и Crypto12. Решението за давањето на дозволите е донесено на 16-ти декември од Централната банка на Србија. Отворањето на менувачниците е благодарение на Законот за дигитален имот кој Србија го донесе на крајот на јуни во 2021 година.

За дозволите менувачниците чекаат од декември 2021 година кога и ги поднеле барањата. По една година проверки сега може да работат.

Двете крипто-менувачници ќе може да купуваат и продаваат дигитални валути за пари. Дополнително ќе можат и да чуваат и управуваат со виртуелните валути на корисниците во име на корисникот. Ова ќе им овозможи на менувачниците да купуваат крипто валути кога ќе паднат под посакуваната цената или да ги продаваат ако  надминат некоја цена.

Барањата кои треба да ги исполнат компаниите се многубројни, а агенциите кои треба да го проверат ова се ригорозни. ECD и Crypto12 кои ги добија дозволите се единствените компании кои поднеле комплетна документација. За должината на чекањето за издавање на дозвола мислењето е дека периодот на чекање и проверки е долг, бидејќи станува збор за почетоци. Во иднина се надеваат дека овие проверки ќе бидат побрзи.

„Лиценцата, отвора и простор за нови подобрувања на нашиот систем и уште поефикасна услуга. Ова ќе ја олесни реализацијата на нашата мисија и визија да ги направиме криптовалутите достапни за секого. Во оваа смисла нашите цели не се менуваат, туку единствено добиваат дополнителна поддршка. Иако децентрализацијата е една од најголемите предности на крипто, за сите учесници на пазарот е од големо значење државата да ја препознае важноста на новите технологии и трендови.“, вели Александар Матновиќ, основач на ECD.

За сега компаниите немаат дозвола да менуваат крипто со крипто, но веќе поднеле барање за дозвола до Комисијата за хартии од вредност, пишува Bloomberg Adria. Компаниите сметаат дека поднеле целосна документација, па се надеваат дека наскоро ќе ја добијат и дозволата.

Во моментов во Народната банка на Србија нема нови барања за дозволи за регистрирање на крипто-менувачници.

Споредбено, во Македонија на пазарот функционираат крипто менувачници веќе неколку години – во центарот на Скопје се наоѓаат 4-5 менувачници кои специјализираат само во тргување со крипто.

Од јули, 2022 година, во Македонија е донесен и Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам, кој практично ги опфати дигиталните валути и работата на правните лица кои не се банки или штедилници а кои вршат менувачки работи, се регулира користењето на криптомати и тргување, меѓутоа сè уште нема официјални информации за неговата практична примена поврзана со крипто. Конкретните одредби за даватели на услуги поврзани со виртуелни средства во овој закон се наоѓаат во член 8.

Од 1-ви јануари стапи на сила и Законот за платежни услуги и платни системи со кој се очекува да се либерализира и пазарот на платежни услуги со тоа што во оваа дејност ќе можат да се регистрираат и приватни компании кои исполнуваат услови – во законот за платежни системи менувачкото работење е опфатено со член 3 / став 6.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments