Squid крипто токен – како измамници заработија 3,3 милиони долари благодарние на Squid Game

Користење на популарноста на филмови или ТВ-серии за промоција на различни други производи како облека, видеоигри, играчки или било што друго, не е никаков новитет. Во последно време во потрага по инстант популарност оваа пракса се префрла и во куп други сектори. Неoдамна бевме сведоци на крипто токени кои ја користат популарноста на сериите за сопствено популаризирање, на пример мега-популарната ТВ серија Squid Game на Netflix.

undefined

Ова беше случај со Squid, memecoin кој се обиде со серијата да го заврти вниманието кон себе. Криптовалутата се појави на берзите на крајот на октомври и тогаш еден токен се продаваше за 1 цент. Поради поврзаноста со хит серијата, голем број на медиуми се „закачија“ и ја пренесоа веста за криптовалутите. Популарноста на токените растеше, растеше и нивната цена. За една недела цената на еден токен рипна на 38 долари. Ова е огромен раст за една нова криптовалута, и брзиот раст и новите известувања во медиумите придонесоа за уште поголем раст на Squid. Целиот интерес за валутата експлодира, и само за неколку дена рипна 83000%. Токените се продаваа на неколку децентрализирани берзи како PancakeSwap и DODO.

Цената на токенот „одлета“ на 2861 долари и многу од првите инвеститори имаа огромни заработки. За жал речиси истовремено се појавија и вести дека сопствениците на токените не можат да ги продадат.

Почеток на проблемите

На почетокот токените беа рекламирани како токени со кои ќе може да се играат игри, во кои потоа ќе можат да се заработат уште повеќе токени, кои ќе може да се разменуваат за традиционална валута. За замена на токените беше потребен уште еден дополнителен крипто-токен наречен marble кој се освојуваше со играње. Идејата беше дека играчите ќе заработат токени играјќи, но за учествување во игрите беше потребно за се плати учество во Squid. Toкенот воопшто не стигна во оваа фаза бидејќи измамата заврши многу порано.

Во моментот кога целата измама заврши цената на Squid токенот беше порасната за 230000% и се движеше околу 2860 американски долари. За само 5 минути цената на токенот падна на речиси 0. Она што се случи со токените се нарекува „rug-pull“ и се случува со кога постои мала група на сопственици на многу токени кои може да тргуваат мал и неликвиден пазар.

На 1-ви ноември девелоперите на Squid повлекоа 3.36 милиони долари, или целата сума која беше инвестирана во валутите. Девелоперите на каналите на друштвените мрежи и Telegram напишаа дека се откажуваат од проектот и дека се во депримирани и под огромен стрес поради големиот број хакери. Каналите како Twitter имаа над 57000 следбеници, а Telegram групата имаше над 71000 претплатници. Она што требаше да биде сомнително е што Twitter беше затворен за коментари, а на Telegram во ниеден момент немаше коментари од луѓе надвор од „кругот“.

Веднаш по падот, ја снема страницата на Squid токенот. Мејловите на девелоперите станаа недостапни, а заедно со нив исчезнаа и 3,3 милиони долари.

Во моментот на падот токени имаа над 40 000 луѓе. Ова всушност се сите кои ги купија токените, бидејќи немаше никаков механизам за луѓето да ги продадат своите токени. Продавањето на токените беше овозможено дури подоцна, но тогаш цената беше падната многу под половина долар.

Трагично е што целата ситуација можеше да се избегне. Дел од медиумите како Gizmodo од почеток предупредуваа дека Squid е очигледна измама, посочувајќи го токму фактот дека токенот не се продава. За жал во недостиг на доволно познавање на темите, во медиумите често се фокусираме на парите, и на нереалните ветување. Најголем дел од медиумите беа фокусирани на вртоглавиот раст, наместо на постоечките и јасно видливи недостатоци. За избегнување на слични измами во иднина без сомневање ќе биде потребно и поодговорно и повнимателно известување од медиумите.

Squid токените беа проблематични од почеток

За Squid имаше јасни навестувања дека станува збор за измама уште од самиот почеток. Токените можеа да се купат, но немаше механизам за нивно продавање. Дополнително крипто-токените немаа врска со популарната телевизиска серија, а својата популарност ја „влечеа“ од таму.

Дел од луѓето кои инвестира во токенот, сепак веруваа дека зад токенот се Netflix и креаторите на Squid Game.

„Помалку инстиктивно мислев дека токенот е авторизиран од серијата на Netflix“, вели Џон Ли кој загубил 1000 долари, за India Times.

Не е крај ни за криптовалутите, но ни за измамите

Секако дека иако има измамници ова не може и нема да биде крај за легитимните криптовалути. За жал ова нема да биде крај ниту за измамите. Секогаш ќе има луѓе кои ќе обидуваат да заработат со измама, а криптовалутите се поле каде растот е клучен елемент. Понекогаш однадвор криптовалутите изгледаат одлично, на пример Squid имаше неверојатен раст кој не вредеше ништо, бидејќи тие што ги купуваа токените не можеа да ги продадат. Веројатно во случајот добар совет беше пробајте да купите еден токен. Ако не може да го продадете тогаш е измама и не инвестирајте ниту денар повеќе.

Дополнително друг проблем е дека и најголем дел од крипто заедницата е недоволно едуцирана и премногу воинствена кога има критики. Дури и во овој случај кога имаше јасни причини за загриженост луѓето кои посочуваа на ова беа напаѓани од дел од инвеститорите.

Токенот постои и се продава и денес, меѓутоа преземен од заедницата која го купила, но во моментот цената му е 0,09 американски долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Nikola100
Nikola100
2 years ago

Како бе вака ? Па нели „Криптото„ е иднината? Нели само графички требаше да изнакупуваме и да ги пуштиме да „ораат„ и само да уживаме? Ова ќе да се тие клети банки, расипале работа – незаситници – само од провизии живеат.
Ништо – ќе си купиме друг „токен„. Е ама тој – знаеш колку ќе иде „у небо„ ќе иде. И само ќе „рипа„ ќе „рипа„ ќе „рипа„ …

види ги сите огласи на kariera.it.mk