Hackboard 2 е нов мини компјутер кој доаѓа со Intel x86 процесор. Производителот Hackboard на платформата Crowd Supply го најавува како идеален за употреба за студентите, наставниците, хобистите. Со ова мини-компјутерот ќе му биде конкурент на веќе препознатливиот и популарен Raspberry Pi.
Плочката е со димензии 120 х 80 mm и доаѓа со: двојадрен Intel Celeron N4020 Gemini Lake Refresh процесор; 4 GB DDR4 RAM; 64 GB eMMC и поддршка за 4TB NVMe диск. Процесорот е 64-битен, со работна фреквенција од 2,8 GHz и 4MB кеш меморија. Intel UHD Graphic 600 овозможува 4К видео преку HDMI 2.1 излез. Hackboard 2 чини 100 долари, и е доволно моќен да се користи како десктоп за најосновни потреби, вели Tom’s Hardware.
На плочката има 3 USB 3.0 порти, USB 2.0 за камера и 40 пинска I/O порта. Уредот може да се поврзе на Wi-Fi мрежа преку Intel dual-band AC95060. Поврзување може да се направи и со Bluetooth 5.1 или Gigabit Ethernet, а постои и можност за додавање на 4G или 5G модем.
Hackboard 2 доаѓа во две верзии, едната е наменета за Windows 10, а другата за Linux оперативен систем. Токму можноста за користење на Windows 10 оперативен систем треба да биде една од најголемите предности на компјутерот.
Дел од употребите за кои производителот го препорачува овој уред се: медиа сервери; конзоли за играње; дигитални аудио центри; автоматизација на домот и креирање на центар за паметен дом на кој може да се поврзат IoT-уреди и различни сензори; и користење за набљудување и контрола во индустријата.