(Серијалот текстови за претприемачки неуспеси Spotlight on Failure е проект на Inventures.eu. Интервјуата со успешни претприемачи кои често грешеле, имаат за цел да покажат дека стравот од неуспех, присутен често во Централна и Источна Европа, може лесно да биде едукативно искуство.)
Да бидеш инвеститор значи да бидеш некој кон не се плаши од неуспеси, туку некој што ги додава во поголемата слика на инвестицијата. Сакавме да дознаеме повеќе, па зборувавме со Манфред Рејшл, еден од највлијателните бизнис ангели во Австрија.
Работевте 20 години во Roland Berger и си заминавме во клучен момент – за пазарот и за вашата кариера (на возраст од 54 години) – за да станете независен инвеститор и советник. Дали ви беше страв да ја направите оваа транзиција.
За мене беше само логично. Бев успешен во Roland Berge, но откако ќе поминете 20 години како коњ напред на кочијата, тогаш сакате да направите нешто различно. Знаев дека мојата следна фаза ќе почнеше насокор, па беше едноставна одлука за мене. Сум видел многу топ менаџери кои се доближуваат до пензија за кои нивните колеги мислат „кога ли ќе си оди веќе?“, и си ветив на себеси дека ќе ја напуштам работата пред ова да се случи. Сите тие кои остануваат во нивните комфорни фотељи, тие не се претприемачи.
Во Ventures Almanach Austria 2015 искористивме метафора за авион кој полетува за да го опишете патот на еден стартап кон успехот. Во кој момент се случува најчесто авионот да се сруши?
Кратко пред да полета.
Помеѓу вашите инвестиции, дали „срушувањата“ беа поради грешка на пилотот или поради механичка неисправност?
Од моите инвестиции во интернет компании, имав една која што беше навистина успешна и ми ја зголеми неколкукратно инвестицијата во оваа област. Но, имаше три неуспеси што беа едукативни за мене. Во компанијата каде изгубив најмногу пари, комплетно ја промашив проценката за менаџментот. Беше основач во неговите четириесети [години] и јас разбрав многу доцна дека нема мотивација да води интернет компанија. На пример, тој не беше способен да се пресели и да преговара во Англо-саксонските земји, што беше предуслов за да бидеш успешен интернет стартап.
Друг беше стартап за мода од Виена – компанија за која се уште мислам дека има одличен бизнис план. Овие „пилоти“ веруваа дека тие треба да „летаат“ до Лондон, во центарот на европската модна индустрија. Тие всушнот привлекоа милиони евра од фондовите со ризичен капитал, што привлече големи имиња од индустријата во нивниот советнички борд. Овие модни луѓе ги убедија дека тие треба да го променат брендов во луксузна марка, што беше комплетно глупаво според нивниот бизнис модел. На крај тие потрошија половина од парите само за преселување во Лондона, каде беа само една капка во океанот и го изгубија својот шарм во големиот град и помеѓу ѕвездите од индустријата. Тоа беше еден вид три-годишна постдипломска студија на основачите, финансирана од нивните инвеститори. Всушност, тие беа стварно добри претприемачи и најверојатно ќе беа успешни ако останea во Виена, но беа премногу млади. Една од лекцијата која ја научив тука, е дека нe треба да им веруваш на младите луѓе кои не мора да бидат успешни за да си ги одржат стандардот на живот.
Третата беше компанија која ивестирав околу 20 до 30 илјади евра. Тие не беа доволно храбри, беа со премали идеи. Се враќаа кон инвеститорите за пари што се покажаа како премалку. Претприемач мора да прашува за повеќе пари одошто му треба. Да се навратам на прашањето – мислам дека често „пилотите“ се тие што го предизвикуваат неуспехот.
Што можеше да се направи поинаку?
Во последниот случај, можев да кажам не, но не беа премногу пари, па не се грижев дали беше тоа вистинскиот бизнис модел. Првата компанија беше премала и недоволно амбициозна, и основачот не се вклопи во социјалната околина за која развиваше. Ако го направив интервјуто со него на англиски, ќе го сфатев проблемот веднаш. Во вториот пример, немаше ништо што можев јас да направам. Основачите беа премлади и независни и ја направија најчестата грешка, што сум ја видел премногу пати: му веруваа на ризичниот капитал.
Дали капиталот е проблем?
Често. Јас сум скептичен за многу фондови со ризични капитали (venture capital, VC) кои се основани од поранешни банкари и неискусни претприемачи. Да наведам пример на добар фонд: тoa e SpeedInvest, фонд од Виена, чии основачи и менаџери се претприемачи во области во кои јас инвестирам.
Фондовите со ризичен капитал го мерат тоа што е дозволива рамка на неуспех и креираат стратегии за менаџирање на ризик преку диверзификација и заштитување. Дали ти, како бизнис ангел, го правиш истото?
Секако, си ги штитиш инвестициите со множење и диверзификација помеѓу разни индустрии. Имав над десет инвестиции, од кои три беа успешни. Вложив во две компании од фармацевската индустрија, три во инжинерство, и пет или шест во интернет компании.
Дали има некое специфична стапка на неуспех што според тебе е прифатлива?
Кога бев избран за бизнис ангел на годината во Австрија во 2009-та година, стоев на сцена и реков дека не прифаќам ниту еден пораз. Секоја инвестиција е како бебе и мора да направиш се за да спречиш неуспех, ако сакаш да ја видиш да успее. Ова е различно од фондовите со ризичен капитал каде неуспехот е прорачунат со статистиката од резултатите. На бизнис ангелите, барем како што јас ги гледам, треба да им е гајле за секоја инвестиција, не само од статистичка гледна точна, туку како ентитет кој треба да се поддржи во тешки времиња.
Како инвеститорите можат да допринесат кон неуспех на стартапот?
Со инвестирање во нешто за кое што не се 100% сигурно, и кога нема да побараат соодветна корпоративна контрола, дури и во мали стартапи. Еден од моите неуспеси е поради тоа што не инсистирав за таква структура.
Дали би им дале втора шанса на претприемачи што не успеале претходно?
Секако! Има една фармацевтска комппанија во која инвестирав многу пари. Нејзиниот CEO претходно основа друга фармацевтска компанија која пропадна. Инвестирав во неговата компанија бидејќи знаев дека за да направиш нешто правилно треба да имаш искуство со претходни неуспеси.
Дали би му простил на некој што ќе ги изгуби твоите пари?
Секако. Една од фармацевтските компании во кои инвестирав имаше тешок период за време на тестирањата и видов дека поразот е неизбежен. Го земавме директорот и му дадовме шанса во друга компанија. Иако тој изгуби многу мои пари во ова, знаев дека е добра личност и дека не е негова вина.
Дали претходните неуспеси го променија начинот на кој инвестирате?
Си реков себеси и на мојата жена дека ќе инвестирам повторно откако ќе имам успешен излез. Има одредени пари во игра и нема да ги зголемам влоговите од моето лично богатство. Вложените пари мора да се мултиплицираат. Затоа нема одредена последива во смисла на содржина, туку во смисла на ограничување на вкупната сума.
Луѓето велат дека има повеќе стигма за неуспех во Австрија, него, да кажеме, Во САД – можеби бидејќи Австрија е помала земја и има рестриктивни закони за банкрот?
Проблемот со законот за банкрот е еден од оперативните последици на австрискиот карактер што датира уште од времето на монархијата. Вистинскиот проблем е дека има многу негативно, колективно искуство во австриското општество, што прави да го мразиме ризикот, започнувајќи од паѓање на берзата во 19873-та, па две светски војни, и кризата во 1930-та итн. Во САД општествениот карактер, за споредба, се уште го има пионерскиот дух на своите предоци кои го освоија континентот во 19-тиот и 20-тиот век. Тие секогаш сакаат да размислуваат за нови работи. Во САД има поголемо чувство на индивидуализам – секој може да успее на само. Мијач на садови може да стане милијардер, и има многу повеќе соберен капитал во приватниот претприемачки сектор.
А во Европа?
Во Европа имаме загрижено, релативно ограничено општество, што сака државата да им обезбедува на луѓето од раѓањето до смрт. Историски, царевите, посебно австрискиот цар се грижел за луѓето, и тоа се рефлектира како општествена и политичка вредност. Европјаните исто така го уништија повеќето од финансискиот и општествениот капитал за време на Втората светска војна. Се промени малку во војната, кога секој сакаш да гради повторно и кога луѓето немаа што да изгубам. Со големата побарувачка во пост-воената ера, можеше да си ја финансираш компанијата од протокот на кеш. Австрија се уште има успешни светски лидери во своите специфични пазари, таканаречени „скриени шампиони“, кои беа основани во педесетите и шеесетите години.
Денес, времето е променето – не може веќе да си го финансираш стартапот од приливот на пари, потребни се надворешни инвеститори; денешните стартапи треба да имаат бизнис модели, во спротивно растот на компанијата ќе трае подолго и има посериозна конкуренција на глобално ниво. За среќа, денешните млади луѓе под 35 години имаат претприемачки дух, и заедно со бисниз ангелите како Ханси Хансман, Оливер Холе, јас, и некои други, може да направиме да го смениме менталитетот на општеството барем за следните генерации да имаат отворен уме, да се ориентирани интернационално, и да бидат помалку под влијание на рестриктивните, традиционални вредности на општеството.
Дали државата треба да развие или да прошири некои политики за да им помогне на тие што ќе паднат?
Имаме премногу влијание од државата. Единствената работа што државата може да направи е да ги тргне ограничувањата. На пример, овие глупави регулативи во корпоративниот закон, што казнуваат дури и добри луѓе што нема да успеат еднаш. Државата треба да ги остави претприемачите на мир, да поттикне богати приватни луѓе и фондации да инвестираат во млади, ветувачки компании преку даночни стимуланси. Ова ќе поттикне иновација многу повеќе одошто субвенциите. Меѓутоа, се покажува често како случај иновативни компании да добијат пари да се изградат, но парите да престанат да доаѓаат кога ќе треба да стартуваат, бидејќи има недостатот на приватни пари. Треба да се воведат мерки што можат да помогнат.








Одамна не бев прочитал некоја поасална статија на вашиот портал. Вредна за читање! :)