Според Secunia, Firefox најнесигурен

{mosimage}Според истражувањето на безбедносната компанија Secunia, Mozilla Firefox е најнесигурен интернет прелистувач моментално. Во 2008, според извештајот кој можете да го видите подолу, кај Firefox биле најдени 4 пати повеќе „дупки“ од другите прелистувачи, вкупно 115, споредбено со 30 на Opera, 31 на Internet Explorer и 32 на Safari.

Mozilla Firefox се повеќе и повеќе се шири на пазарот и неодамна беше објавено дека Firefox е најкористениот прелистувач во Европа, односно го надмина Internet Explorer, кој, иако послаб, сеуште е доминантен во светски рамки со 60% од целокупниот светски пазар. Потоа следи Firefox со 25-30% и останатите. Во Македонија прелистувачот има пенетрација повеќе од 50% кај интернет корисниците.

Претходно на Pwn2Own натпреварување ниту еден прелистувач не издржа подолго од 1 ден хакирање, а некои беа хакнати за рекордно време.

Ова е интересна ситуација за Mozilla, бидејќи Европската унија го притисна Micorosft и со наредниот Windows 7, Microsoft нема да го вгради Internet Explorer како зададен прелистувач со оперативниот систем. Тоа ќе значи дека огромниот број на корисници на оперативниот систем на Microsoft ќе си избираат сами прелистувач, а со тоа Mozilla Firefox ќе може да се најде и на повеќе компјутери.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments