Споделите слики, видеа и музика преку Twitter

во Совети

{mosimage} Иако на Тwitter сé е текстуално и кратко, сепак има начин како да споделите слики, музика и видео преку микро-блогинг сервисот. Подолу ќе најдете неколку сервиси за споделување мултимедијална содржина. Сите сервиси без разлика дали се работи за музика, слики или видео функционираат едноставно. Се што треба да направите е да се регистрирате на сервисот со вашиот Twitter профил, и секогаш кога ќе сакате да споделите нешто само постирате линк или закачете фајл, дали е слика или видео, на сервисот кој што сакате и тој автоматски го праќа на вашиот јавен Twitter профил.

Слики

ТwitPic
– најпопуларниот сервис за споделување на слики преку Twitter. Закачете линк или слика и твитнете. Tолку.

Flickr2Twitter
-Flickr е најпопуларната друштвена мрежа за фотографии и слики која неодамна ја имплементираше Flickr2Twitter oпцијата. Потребен е претходен профил на Flickr кој треба да се регистрира за Flick2Twitter и ќе добиете додатна опција покрај сликата за споделување на Twitter.

Видео

YFrog
Овој сервис служи за споделување и слики и видео. Подолу е слика од Yfrog што покажува колку лесно и брзо се закачува сликата.

{mosimage}

Тwitvid.io – Сервисот нуди директно снимање преку веб камера или праќање видео преку мобилен на маил у@twitvid.io што потоа ќе биде објавено на Twitter профилот

Тwitc – Овозможува споделување на најразлична содржина на различни друштвени мрежи.

Аудио 

TinySong
Овој сервис е поврзан со grooveshack.com кој овозможува слушање музика.

Blip.fm – Тwitter мрежа за музика, пример тука

Song.ly – лесно и корисно. Има и додатоци за Firefox и IE, и може да се закачи "tweet this song" опција на сајт или блог.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments