0 коментари 2 мин. читање 16 јули, 2013

Сплитскиот CodeAnywhere доби инвестиција од 600.000 долари за понатамошен развој

Сплитскиот едиторот за кодирање на веб, CodeAnywhere, успеа да добие инвестиција од 600.000 долари од World Wide Web Hosting (ќерка компанија на Site5). Парите ќе бидат искористени за да се вработат нови луѓе и да се продолжи развојот на едиторот кој овозможува да кодирате од било каде, од мобилен или од веб, пишува Netokracija.

Хрватскиот стартап веќе ја надмина бројката од 150.000 корисници, а ко-основачот Иван Буразин вели дека се поголема е и бројката на корисници кои плаќаат по 5 долари месечно за дополнителни услуги, како поголеми FTP сервери или бесплатен хостинг.

Како што вели г. Буразин, инвестицијата дошла малку неочекувано. CodeAnywhere се пријавиле на AngelList, која е платформа преку која инвеститорите откриваат нови стартапи, па откако инвеститорите се запознале со сервисот, CodeAnywhere им понудиле повеќе информации. По неколку разговори, им било понудена инвестиција и „шест месеци подоцна, еве не!“.

[youtube]rnkfM-koQvM[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top