SpiderOak е веб складиште кое овозможува синхронизација на податоците на речиси сите уреди. Како и кај Dropbox и другите веб складишта овозможена е синхронизација помеѓупаметни телефони, лаптопи, таблет и десктоп комјутери. Но, тоа што го одделува Spider Oak од останатите веб складишта е безбедноста која им ја нудат на корисниците.
Вработените во компанијата се горди на нивниот „Zero-knowledge“, поточно неможоста за отварање на податоците кои ги складираат корисниците дури и во случај некој од компанијата да сака да ги разгледува содржините. Начинот на кој ова е овозможено е со енкриптирање на податоците пред корисниците да ги испратат до нивното складиште. Дополнителна мерка на безбедност е енкриптирање на клучот за декрипција.
Доколку ви се доволни 2 GB простор услугата е бесплатна, а за 10 долари месечно или 100 долари годишно, просторот за складирање се зголемува за 100GB. Вообичаено направен е обид за синхронизација со сите популарни оперативни системи Windows, OS X, iOS, Android и Linux.
Системот би требало да работи безпрекорно се додека не ја заборавите лозинката, во ваков случај за жал, податоците во веб складиштето ќе станат безкорисни.
[youtube]DQqpPz7lHM0[/youtube]
Коментари
5 коментари
Коментарите се затворени.