Space X пред неколку дена започна со првите тестови на ракетата која ќе биде погон за „Raptor“ леталото до Марс. Тест постројката на Space X се наоѓа во близина на Мекгрегор, Тексас.
Инженерскиот тим сега ќе може да започне да ги прави првите анализи на согорувањето. Она што може да се забележи е зелениот оган на пламенот. Веројатно ова е од бакарот од комората на моторот. Ова значи дека ќе траба повеќе изолација, вели ArsTechica. Со оглед на тоа дека иако беше прв тест, ракетата остана цела, а резултатите се одлични.
Сега остануваат анализите како на боите во огнот, така и на целото горење. По ова веројатно следат корекции и нови тестови. Ракетата ќе се користи како погон за Super Heavy при полетувањето и за вселенското леталото потоа. Вселенското летало ќе биде од челик и ќе има простор за 100 патници. Џиновска Super Heavy ракетата ќе се користи за полетување на леталото. За оваа ракета ќе бида потребни 32 Raptor ракети.
Првите тестови на леталото се закажани за средината на 2020 година, лет со патници околу месечината би можел да се случи околу 2023 година.
First firing of Starship Raptor flight engine! So proud of great work by @SpaceX team!! pic.twitter.com/S6aT7Jih4S
— Elon Musk (@elonmusk) February 4, 2019
Секако веста за првите тестови мораше да дојде од твитер профилот на Елон Маск.
„Горд сум на работата на SpaceX тимот!“, заедно со кусо видео од првиот тест.