0 коментари 2 мин. читање 13 март, 2018

Создади е платформа на која креативци може да ги продаваат своите производи

Создади е нова платформа која на сите кои изработуваат некакви рачно изработени производи ќе им овозможи да пронајдат купувачи. Во својата основа Создади.мк e онлајн продавница, сепак главна цел на платформата е да стане локација на која ќе се собира заедницата.

Поврзувањата треба да им помогнат на регионалните заедници полесно да дојдат и да ја задржат својата публика. Пред сè платформата е наменета за сите кои креираат производи како хоби. Потоа овие производи можат да ги понудат на продажба на продавницата. Целта е луѓето кои работат со љубов на некое хоби да имаат простор каде ќе можат да ги презентираат и продаваат своите ракотворби. Секој „производител“ има своја мини продавница која овозможува на едно место да бидат сместени сите производи или услуги кои ги нуди.

„Иновативноста се состои во тоа што производителите ќе имаат можност од своето хоби, она што со љубов го работат, да развијат сопствен бизнис преку евтин, а ефективен маркетинг и преку поддржување креативни проекти во рамки на платформата“, велат од Создади.

Со купување и продавање на производи од Sozdadi.com купувачите помагаат на лица од маргинализирани групи кои имаат свое креативно хоби. Со тоа стануваат амбасадори во општествената борба за инклузија на пазарот на труд.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top