0 коментари 2 мин. читање 13 март, 2018

Дубаи се прогласи за град на вештачката интелигенција

Стратегијата на Дубаи го предизвикува речиси секој стартап кој работи на некаква технологија да мора да размисли за тестови во овој град-држава. Дубаи живее од нафта на државата и на големо се подготвува за периодот кога нема да имаат нафта.

Речиси целиот град е огромна стартап лабораторија, вели Time. Државата на големо инвестира во технологија. На пример, додека другите држави планираат до 2030 година да забранат возила на нафта, Дубаи планира до 2030 барем 25% од целиот превоз да биде автономен. Државата инвестира и во „blockchain“ технологијата, и за 3 години сакаат да бидат прва влада која ќе поддржува „blockchain“. Крипто-валутата ќе може да се користи и за секојдневните потреби. Така, посетителите во кафетериите ќе може да го платат своето кафе, родителите ќе може да ги платат школарините на децата и сл.

Една од причините за ова секако, е што резервите на нафта ќе бидат исцрпени. Сепак со вакви подготовки Дубаи ќе биде подготвен и за овој период. Целиот град наликува како да е излезен од некоја фантастична приказна. Ова не е доволно, па властите сакаат да понудат и услуги од иднината. На пример, подготвуваат капсули за превоз на производи кои се купуваат онлајн, а ќе стигнат до вратата на купувачот; или превоз до врата на патниците со автономни возила. Но, тука не завршуваат тестовите, на улиците на Дубаи веќе патролира робот полицаец. Дополнитело, најавени се и тестови за првите летечки такси автономни возила.

Интересот за технологијата не остана незабележан од берзата. Така, иако од 2013 година цената на нафтата е падната 37%, берзата во Дубаи забележи раст од 155%. Денес на нафта отпаѓа само 1% од ГДП, иако во минатото ова достигнуваше и до 50% од ГДП на Дубаи.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top