HTC Vive Pro претстави нова наградба на SXSW 2018

0 коментари 1 мин. читање

South By Southwest фестивалот вообичаено носи куп вести од најлудите технологии. Овој пат првата вест, покрај веста за патувањето на Марс на Space X, доаѓа од HTC и Vive.

Компанијата ја претстави новата генерација за уредот за виртуелна реалност, HTC Vive Pro. Уредот е импресивен вели Сем Мачковеч од Ars Technica.

Уредот доаѓа со куп подобрувања. Овој пат значително поголемо внимание е посветено на деталите. Така без проблем може да го користат и луѓе со очила.

Сепак има надградби и во хардверот, Vive Pro доаѓа со значителна надградба на дисплејот. Сега очилата доаѓаат со 2160 х 1200 резолуција и рефреш од 90Hz. Ова значи дека за потполно искуство е потребна и подобра машина. Односно, Nvidia GTX 970 нема да биде доволна за играње без „сецкање“ и рипање фрејмови при 90Hz.

Засега нема премногу дополнителни податоци, ниту верзијата која може да се тестира на SXSW е финалната. За почеток уредот ја нема најавената бежична технологија.

Сепак, клучно за употребата нема да биде квалитетот на уредот, кој секако е важен. За технологијата да биде широко прифатена, цената на уредот мора да биде пониска. Дополнително, се чини дека клучното, содржината, сè уште недостасува. Барем засега не сме виделе игра или каква и да е содржиниа поради која би морале да потрошиме куп пари на виртуелната реалност.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед