0 коментари 3 мин. читање 9 октомври, 2013

Совети за животот и пишувањето од легендарниот Том Кленси

Неодамна нѐ напушти еден од најдобрите познавачи на модерното вооружување, писател, сценарист и чест соработник на видео игри, Том Кленси. Неговите дела, често преполни со акција се чини се создадени за префрлање на компјутерите.

Том Кленси, пред се, ќе биде запаметен по креирањето на ликот Џек Рајан, кој се појави и во неколку филмови, а го глумеа Харисон Форд и Бен Афлек. Другиот карактер кој е омилен на многу гејмери е Сем Фишер, Navy SEAL ветеран, регрутиран во Splinter Cell програмата и протагонистот на Splinter Cell. Сепак г. Кленси ќе остане најдобро запаметен како писател на The Hunt for Red October, Patriot Games, Clear and Present Danger се само дел од бестселерите кои ги напиша. Додека пишуваше се водеше од една идеја, „биди раскажувач, а не писател“.

„Наместо да ги воодушевувам критичарите се одлучив да раскажам приказни, кој ќе ги одвлечкаат читателите од секојдневието.“, вели г.Кленси. Покрај големиот број на дела, тој ќе биде запаметен како скромен писател, кој пишувањето го смета за тешка работа, а не магија. Дел од советите кои кој тој ги остави за новите писатели се однесуваат и на креирање на фиктивниот свет кој го создаваат и мора да биде пореален од вистинскиот. Во книгите секојпат мора да има смисол и логика, иако во реалноста ова не е секогаш вака. „Се обидувам да смислам приказни кои ќе бидат реални… тоа е страшниот дел“.

Сепак најдобриот совет кој тој го остава на новите писатели, а која е и универзална порака е: „Никој не може да ви ги одземе соништата. Светот се менува околу вас, но соништата не се менуваат. Вашите животи се менуваат, но соништата не мораат. Одговорностите нема да го избришат сонот. Никој неможе да ви го одземе сонот“. Посмртно ќе бидат објавени неговата новела Command Authority и видео играта The Division.

[youtube]rRliZM0Ud3o[/youtube]

[youtube]JuDC0SdAoyY[/youtube]

[youtube]qW9fdki5k1s[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top