0 коментари 2 мин. читање 9 октомври, 2013

Microsoft, Facebook и Google стартуваат Алијанса за достапен интерент

Поголем број комании кои вообичаено се ривали се здружија за да изнајдат решение кое ќе доведе до поевтин и подстапен Интернет за државите во развој. Иницијативата е наречена Alliance for Affordable internet, а членки се Microsoft, Google, Yahoo и Intel.

Целта на групацијата е регулација на цените на Интернет во обединето нации, при што почетната цена за шитокопојасен интернет нема да смее да биде повисока од 5 отсто од просечните месечни приходи. Ова ќе овозможи на милијарди нови корисници, пред се од реоните со ниски примања, да се приклучат на глобалната мрежа. Годината за која е закажано остварувањето на целта е 2015 години.

„Едноставно, иако веќе се работи на иновативни технолошки решенија, ниту најдобрите репенија нема да помогнат ако квази-монополи и регресивни политики ја спречуваат имплеметацијата.”, вели групацијата.

Идејата се чини е продолжение на планот на Google за пренос на широко појасен интернет со балони. За потсетување компанијата има план со кој ќе донесе интернет до локации кои немаат инфраструктура преку која жителите може да се приклучат на Интернет.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top