Инжинер во Twitter, безбедносен аналитичар во UConn и 65 годишен пензионер се профилите на членовите на Anonymous кои се наоѓаат пред суд. Најголем број од членовите на Anonymous кој се обвинети за DDoS напади во 2010 година, не одговараат на стереотипите за хакери, вели The Verge.
Антони Тадос е 22 годишен студент на UConn, кој работеше и како безбедносен аналитичар за универзитетот, 28 годишниот Филип Симсон е IT експерт, Џофри Командер има 65 години. Обвинет е и Рајан Губел, поранeшен вработен во Amazon и инженер за доверливост во Twitter.
Правосудството на САД ги обвинува заедно со 8 други припадници на Anonymous за припаѓање кон хактивистите и организирање на операцијата „Payback is a bitch“, чија цел е организирање на координирани сајбер напади. Цел на овие напади беа Bank of America, MasterCard, HGBary, но и повеќе други безбедносни компании. Целта на нападите според Anonymous е одмазда до банките кои одбиваа да ги процесираат донациите до WikiLeaks.
„FBI сака да испрати порака. Судот и полицијата започнаа да го решаваат компјутерскиот криминал и по се изгледа се прават дополнителни напори за следење на членовите на Anonymous, кои се сметаат за активисти за социјални промени, а доаѓат од сите краеви на светот.“, вели The Verge.
Рајан Губел покрај заедничкото обвинение, е обвинет и за нелегален пристап до компјутер, а помогнал на напаѓачите со следење на ефективноста кога беше нападната страната на Motion Pictures of America. Засега без докази, но г. Губел се сомничи и за вмешаност во нападот на Anonymous врз Amazon.