Совети како да ја подобрите безбедноста на вашиот Facebook профил

Во денешно време кога сите секојдневно го користиме Facebook и се најавуваме на нашите профили од сите можно локации и уреди, не е исклучена можноста вашата лозинка да ја дознае некој трет и да си поигрува со вашиот профил.

Покрај стандардните совети за користење на комплексна лозинка и внимавањето да не наседнете на фишинг измами (анг. phishing), Facebook содржи неколку алатки кои може да ни помогнат во заштита на нашиот профил.

Потврдете го вашиот мобилен телефон

Додавањето на вашиот мобилен телефон е еден од начините кои може да ја подобар безбедноста на вашиот Facebook профил. На овој начин, дури и кога ќе ја загубите вашата лозинка, ќе можете да ја ресетирате и Facebook новата лозинка да ви ја испрати преку SMS порака.

До оваа опција можете да пристапите преку Account Settings → Mobile. Исто така, од таму ќе можете да поставите и да добивате пораки кога некој ќе ви испрати текст порака, пријателство и слично.

Активирајте го безбедното прелистување

Препорачливо е да го активирате и безбедносното прелистување. Тоа се активира преку Account Settings → Security и се наоѓа најгоре од сите останати опции. Secure Browsing е опција која го енкриптира Facebook, односно го отварате преку безбедниот https протокол.

Кликнете на „Edit“ линкот покрај Secure Browsing и селектирајте го полето „Browse Facebook on a secure connection (https) when possible“.

Побарете одобрување секогаш кога ќе се најавите

Ова е можеби една од подобрите методи за заштита што ги нуди Facebook. Секогаш кога ќе се обидете да се најавите преку навторизиран уред, ќе ви биде побарано безбедносен код за активирање. За да ја активирате оваа опција, одете Account Settings → Security и селектирајте ја опцијата „Require me to enter a security code each time an unrecognized computer or device tries to access my account“ до која се пристапува преку Edit, десно од Login Approvals.

Известување за најава од неавторизиран уред

Исто така, слична опција е да добивате и известување кога ќе се најавите од неавторизиран уред. Се активира од истата локација како и претходните две функции кои може да ни помогнат во заштитата на нашиот Facebook профил.

Активни сесии

Уште една добра работа која ни ја нуди Facebook е да ги погледнеме нашите претходни сесии и информации од каде сме се најавиле. Доколку наидете на непознат уред од кој сте се најавиле, или сте заборавиле да се одјавите од некоја локација, ова е местото од каде што ќе можете да ја прекинете активноста.

Одете во Active Sessions и доколку сакате да ги прекинете активностите од некој ред на кој се имате претходно најавено, кликнете на End Activity на саканиот уред.

Сега со овие опции, ќе можете без толку грижа да сурфате на Facebook, а доколку сме испуштиле нешто слободно можете да нè надополните во коментар.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Psy
Psy
9 years ago

trebe da si lud da im go kazis brojut na FB!

Boris Kuzmanov
9 years ago
Reply to  Psy

Фала. :) Што ако им го кажеш?