South Central Ventures ја објави својата најнова инвестиција. Станува збор за инвестиција во косовскиот стартап Labbox. Ова е прва инвестиција на фондот во стартап од Косово, но и за стартап кој во целост е основан од жени.
Стартапот е основан од сестрите Арта и Фиона Шеху и треба да им помогне на младите на полето на STEM (наука, технологија, инженерство и математика) образованието. Производот е своевидна играчка, која со раскажување на приказни им помага на децата сами да експериментираат и да надминат некои проблеми.
Најголема предност е во хардверското решение кое преку обоен „текст“ им сигнализира на децата и им помага да ги отстранат грешките. Со ова децата се охрабруваат сами да ги надминат препреките наместо да бараат упатство.
„Како нашите деца го минуваат времето се технологијата, долгорочно го дефинира и нивниот пристап и нивните концепти во иднина. Labbox не само што обезбедува неопходно искуство за учење, туку и им помага да бидат поотворени кон пронаоѓање на решенија од грешките, што е важно за следната генерација на решавачи на проблеми да може да пронајде решенија за светските проблеми“, вели Арта Шеху Заими, ко-основач и директор на Labbox.
Инвестицијата од South Central Ventures ќе биде искористена за понуда на првата серија производи на пазарот. Првите „кутии“ (box) ќе бидат достапни од следниот месец во Косово и Македонија.