И Alibaba лансира свој четбот, кој ќе се натпреварува со ChatGPT

Во последниве неколку месеци, главна тема на дискусија и интерест во светот на технологијата се AI четботовите, првично четботот ChatGPT од OpenAI, а потоа и Bard од Google. Во оваа игра влегува и кинескиот гигант Alibaba со свој претставник.

Alibaba Cloud, ги откри плановите за лансирање на Tongyi Qianwen, нов производ кој е многу сличен со популарниот јазичен модел ChatGPT. Соопштението беше објавено во вторникот, сигнализирајќи ја намерата на Alibaba да се натпреварува во растечкото поле на технологија за процесирање на природни јазици. 

Tongyi Qianwen, ќе биде интегриран и со кинески и со англиски јазични способности. Производот најпрво ќе биде интегриран во DingTalk, комуникацискиот софтвер за работни места на Alibaba и Tmall Genie, снабдувач на паметни апарати за домаќинство. 

За време на самитот на Alibaba Cloud оваа година, компанијата ги објави плановите за воведување на AI чет-бот низ сите свои производи, почнувајќи од комуникација со претпријатија до е-трговија. Сепак, не беше откриена конкретна временска рамка за објавувањето. 

Photo credits: theregister.com

„Ние сме во момент на технолошки пресврт водени од генеративната вештачка интелигенција и облак компјутерите, а бизнисите во сите сектори почнаа да ја прифаќаат трансформацијата на интелигенцијата за да останат пред играта“ изјави Daniel Zhang, CEO на Alibaba Group и Alibaba Cloud Intelligence

Tongyi Qianwen, моментално е достапен за генералните претпријатија корисници во Кина за бета тестирање. Преку облакот, клиентите можат да пристапат до четботот и да креираат приспособени големи јазични модели (LLM) врз основа на нивните индивидуални деловни барања, користејќи свои сопствени информации и податоци. Компанијата има намера да го интегрира новиот модел во нејзините различни бизниси за да го подобри корисничкото искуство.

„Новиот модел на вештачка интелигенција ќе биде интегриран во различни бизниси на Alibaba за да се подобри корисничкото искуство во блиска иднина. Клиентите и програмерите на компанијата ќе имаат пристап до моделот за да создадат приспособени функции за вештачка интелигенција на рентабилен начин“, велат од компанијата. 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk