1 коментар 2 мин. читање 19 февруари, 2015

Sony веќе не е заинтересиран за телефони и телевизори

Sony срамежливо најавува свое повлекување од пазарот од телефони и телевизори. Компанијaта најавува дека ќе ги раздели и аудио-визуелниот оддел во независна компанија, откако веќе ги продаде Vaio компјутерите, јави Verge. Директорот на Sony, Казу Хираи, оди чекор понатаму и најaвува дека не е исклучена стратегија за излез од пазарот на телефони и телевизори, јави Slashgear. Иако кога се во прашање телевизорите ова барем за сега е неверојатно, бидејќи компанијата најави нови телевизор на CES.

Причина за повлекување од овие два пазари е што Sony не верува дека може да се натпреварува со евтините конкуренти од Азија, ниту со поквалитените уреди од Apple и Samsung. Toa што во моментов не е доведено во прашање e: Sony pictures Entertainment, PlayStation одделот и сензорите за камери. Сензорите за камери се последниот дел за електроника кој останува во рацете на поранениот гигант, а за сега овој оддел најмногу заработува од iPhone, вели Verge. Неодамна компанијата го продаде и Sony Online Entertainment одделот на Columbus Nova, кој сега е Daybreak Game Company.

Доколку се оди според планирањаното компанијата ќе ги зголеми своите приходи за 25 отсто во следните три години. Сепак целиот овој процес ќе направи Sony да биде далеку поразличен од компанијата на која се сеќаваме од пред десетина години.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Владо
Владо
11 years ago

Сони може циља на нешто посериозно што ќе има иднина. На пример производство на роботи, да речеме!!??

Мени
Заедница
Изглед
To top