Sony го претстави Project Morpheus, пар на очила и слушалки со кои ќе ја доближи виртуелната реалност до гејмерите на PlayStation 4. Но, Sony и покрај трите години од кога го развива Morpheus, сè уште го има само како прототип, кој, интересно може да се користи и за други намени, не само за играње видеоигри. Нема детали за цената, ниту пак кога ќе биде достапен за гејмерите. Во моментот се користи како егзебиција, доказ за концепт дека виртуелната реалност доаѓа и дека треба да сме подготвени за неа.
„Виртуелната реалност е следната иновација за PlayStation и ќе може да ја донесе иднината на видеоигрите”, вели Шушеи Јошида, претседателот на Sony Computer Worldwide Studios на Game Developer Conference 2014 во Сан Франциско. Според г. Јошида, виртуелната реалност е сон на многу креатори на игри, и секако на играчите, и сега доаѓаме во ера кога таа станува технички возможна за да се донесе на глобалната сцена.
Но, како што стојат работите Sony можеби доцни со својата технологија. Најпопуларниот-во-момент уред за виртуелна реалност, Oculus VR, креиран од 21-годишниот Палмер Лаки, ќе биде достапен оваа година откако собра над 75 милиони долари инвестиција за да се развие. Интересно, г. Јошида го спомна Oculus во својата презентација велејќи дека „имам огромна почит кон нивната работа. Инспирирани сме од нашата работа и ентузијастичките реакции од развивачите и новинарите кои го пробаа нашиот прототип“.







