Наместо автономни возила, кои иако се иднината на автомобилската индустрија, барем засега освен Google нема други иновативни решенија, шведскиот производител Volvo предлага магнети патишта, поточно магнети вградени во улиците кои ќе бидат своевиден водич на автомобилите.
„Магнетите создаваат невидлива железничка пруга која буквално го пополочува патот за прецизност на позиционирање поголема од еден дециметар, Ја испоробавме технологијата при различни брзини и резултатите ветуваат“, вели Јонас Екмарк oд Volvo.
Поставените магнети во патиштата ќе можат да се користат и со останатите технологии. За да го тестира концептот Volvo конструираше 100 метарска тест патека и модифицираше Volvo S60 со кој ја тестираа технологијата до брзини до 90 km/h. Патеката која ја конструираше Volvo е на шумски пат поплочен со камен и прекриен со земја. Магнетите беа поставени во цевки закопани вертикално во патот. Системот овозможува со комбинација на специјално изработениот магнетен сензор и информацијата за брзина, при брзина од 45 km/h да се одреди позицијата на возилото со точност од 10cm.
Целта на проектот е автомобилите да можат да возат без асистенција од луѓето. Иако од Volvo признаваат дека реализација на автономни возила е можна и без магнети во патиштата, сепак велат дека патиштата со магнети овозможуваат интересни можности. Покрај ова магнетите се ефикасни, доверливи и релативно евтини решенија, без разлика дали станува збор за инфраструктурни или вградени сензори во возилата. Следен чекор е започнување со тестови во сообраќајот, објаснуваат од Volvo.