Sony Ericsson Xperia X1

во Рецензии

{mosimage}Пред два месеци во продажба официјално излезе долго најавуваниот мобилен Sony Ericsson Xperia X1. Телефонот од пред некое време е достапен и кај нас, а од тоа што можев да го видам на сајтовите на препродавачите, Xperia X1 е достапен по цена од околу 37.000 денари во припејд, додека во САД официјалната цена му е 799 долари без договор. Цената е навистина “солидна”, а дали перформансите ја оправдуваат… се решивме да провериме со тоа што го земавме телефонот на три-дневно тестирање.

Изглед
Целосниот метален интерфејс на Xperia X1 е одлично дизајниран. Димензиите на телефонот се 110 x 53 x 16.7 мм, а тежи 158 грама. Телефонот со камера од 3.5 мега пиксели има екран од 2.8 инчи и едноставно кажано е одличен за во рака. Не е баш тенок или лесен, но спореден со другите телефони во неговата класа е значително покомпактен. Располага со целосна QWERTY тастатура на лизгање на која копчињата се соодветно расподелени, па така куцањето не претставува никаков проблем и направените грешки не ќе можете да ги оправдате со "тастатурава на телефонот не чини". Достапен е во две бои, сива и црна.

{mosimage}

Од левата страна на телефонот е вграден мини USB порт, а на десната копче за контролирање на гласноста на звукот како и копче за активирање на камерата и сликање. На горниот дел од телефонот се наоѓаат отворот за приклучување на 3.5 мм слушалки и копче за исклучување/вклучување на телефонот. Просторот за microSD картичка се наоѓа на задниот дел, а за да дојдете до него мора првин да го отстраните позадинскиот дел.

Екран
Xperia X1 има TFT WVGA
екран на допир од 800х480 пиксели кој прикажува 65.536 бои, а многумина го нарекуваат еден од најдобрите екрани кај било кој мобилен телефон базиран на Windows Mobile оперативен систем. Од тоа што јас можев да го видам додека го користев телефонот, екранот има одлична резолуција и е прегледен на било кое светло, што навистина ми се допадна. Единствен проблем од причина што имам малку оштетен вид ми беше фонтот кој заради високата резолуција делуваше малечок, но тоа го разрешив со подесување на соодветната големина на фонтот.

Аудио квалитет
Квалитетот на звучниците и спикерфонот за мене лично беше солиден. За време на повиците добив кристално чист звук и не приметив никаков проблем, дури и во гласна позадина, а добив и позитивен одговор од луѓето на другиот крај на линијата дека ме слушаат добро.

Спецификации и софтвер
Една од најдобрите и најинтересните опции на телефонот се панелите за подесување на првичниот интерфејс. Панелите (7 зададени) овозможуваат на лесен начин да изберете позадина со разни опции, па така изборот е позадина со опции кои го олеснуваат преслушувањето на музика, панел за интернет пребарување и сл. Дури и самите можете да ги уредите саканите панели со додавање на разни апликации, како веб RSS канали, апликација за временска прогноза и сл.

{mosimage}

Фабрички произведен Xperia X1 е базиран на Microsoft Windows Mobile оперативниот систем, верзија 6.1 Professional Edition со пре-инсталиран Microsoft Office Mobile Suite. Стандардно за ваков вид на телефони, овозможува пристап до POP3 и IMAP е-маил кои лесно можете да ги поставите. Интегрираниот прелистувач во телефонот е Opera Mobile. Меморијата на телефонот е 512 мегабајти (400 слободни).

А зборувајќи за конективноста, Xperia X1 има: GSM/GPRS/EDGE 850/900/1800/1900 + 3G, Безжичен интернет, Bluetooth, GPRS…

Батерија
Целосно наполнета батерија (Lithium-Polymer, 1500 mAh) издржа скоро 2 дена во кои телефонот активно беше користен за прегледување и користење на инсталираниот софтвер, повици, пребарување на интернет… Според производителот, батеријата може да издржи до 6 часа постојан разговор на 3G мрежа и околу 10 часа на GSM/EDGE мрежа.

Заклучок
Xperia X1 на Sony Ericsson е одличен телефон за поопширна намена, особено заради панелите кои можете да ги менувате многу лесно (еден за дома, еден за работа, еден за забава).. Телефонот дефинитивно би бил мој избор доколку не беше едноставно прескап. Заради високата цена спаѓа во категоријата на "луксузни мобилни телефони" кои можат лесно да се заменат со други, поевтини алтернативи кои ги содржат скоро сите опции кои ги има Xperia X1. Се надевам дека Sony Ericsson наскоро ќе се обиде да ја намали цената.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments