13 Twitter совети од 13 Twitter корисници

во Совети

{mosimage}Сакате да започнете со користење на сервисот за микро-блогирање Twitter? Се двоумите како да пристапите, што е тоа што треба да го направите? Не знаете како да привлечете повеќе луѓе да ве следат и имате некои други слични дилеми? Без паника, одговорите за како да се снајдете во вашите први денови на Twitter ги имаме подолу.

За да дојдам до информации "од прва рака", се обратив до 13 Twitter корисници кои ги следам подолго време со прашањето
"Ваш совет за како нов Twitter корисник да се снајде, да го користи сервисот и да добие повеќе следбеници?". Одговорите на прашањето кои ги добив преку Twitter:

woona@Woona: Да биде
опуштен(a), да не се оптеретува, да пишува во 1-во лице,
да не биде
премногу езотеричен/на, по можност да има и други 2.0 активности.

zuberot
@Zuberot: Мистеричните и двосмислени твитови го тераат обичниот посетител да се
претвори во follower за да види што ќе се случи наредно.

natalija@Natalija: Најмногу успеваат одговорите (reply) на релевантните Twitter-аши. Секогаш
кога
ќе напишам нешто корисно или предизвикам дискусија добивам нови
followers.

dasaf@Dasaf: Да
користат
гаџети: TwitterFox, да следат она што ги интересира, состав на
твитовите:
70% професионални твитови, останато – шеги и дневни коментари.

milozvuchna@Milozvucna: Квалитетот
на информацијата зависи од изворот, но пред се од корисникот кој
треба
да ја
дистрибуира кратко, јасно, конкретно и прецизно. :)

jeton@Jeton: Користи го
Twitter за да се изјасниш, за да споделиш знаење, за да учиш од
другите. Можеш да најдеш информации побрзо за некои нешта.

zlochko@Zlochko: Никого не го интересира што правиш туку што размислуваш. Изгради стрип лик
базиран на себе си, поклони се и твитај на англиски.

darko156@Darko156: Нека ги
следи тие што сака да го следат. Така ќе дознаат дека постои и дека

може да понуди корисни информации + јавна поромоција на акаунтот.

ribaro@Ribaro: Twitterfox
и Twitpic се неопходни за брзо навремено следење, а со reply на
топиците,
на оној кој сакаш да те следи до повеќе followers.

igor_stama@Igor_stama: Директно,
прецизно и концизно изразување мене ми стана замена за блог. Користење
на #тагови,
ќе му донесе следбеници на секој нов корисник.

seaddzigal@SeadDzigal: Пред сѐ
може да се користи како електронски бележник за она што тој/таа ќе го

процени
за важно за споделување, од линкови до мисли и идеи.

ivco@Ivco: Добра
изработка на позадина, постирање на постови кои ќе ги привлечат другите

да ве додадат,како и помагање на другите со реплика.

kewlrats@KewlRats: Следете поголем број на луѓе, па така и голем број на луѓе ќе ве следат вас за возврат. :)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk