0 коментари 1 мин. читање

Продадени 4 милиони iPhone 4S за само 3 дена

Според Apple, за само три дена iPhone 4S се продаде во 4 милиони примероци. Новиот модел, наследникот на iPhone 4, официјално беше пуштен во продажба на 14 октомври, а од 7 октомври беше достапен за нарачување, кога за само еден беа нарачани еден милион примероци.

Минатогодишниот iPhone 4 имаше далеку послаб старт, со 1,7 милиони продадени примероци во рок од три дена, скоро дупло помалку од новиот iPhone 4S. За споредба, на iPhone 4 му требаа три недели да ја достигне бројката која iPhone 4S успеа да ја достигне за три дена, додека на првиот iPhone му требаа дури 74 дена да достигне 4 милиони продадени примероци. Најпопуларниот Android телефон, Samsung Galaxy S II, успеа да се продаде во 10 милиони примероци во рок од пет месеци.

IPhone 4S моментално е достапен во САД, Австралија, Канада, Франција, Германија, Јапонија и Велика Британија. На 28 октомври ќе стане достапен во плус уште 22 држави, а до крајот на 2011 во 70 држави. Ова сигурно ќе уште повеќе ќе ја зголеми продажбата на веќе најпопуларниот iPhone до сега.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Мени
Заедница
Изглед
To top