0 коментари 2 мин. читање 5 февруари, 2020

Solaborate обезбеди инвестиција од 10 милиони долари

Стартапот Solaborate започна како друштвена мрежа во регионот, а сега успеваат да покажат дека за добар производ не постојат граници. Неодамна успејаа до обезбедат инвестиција вредна 10 милиони долари.

Компанијата ја основаа братот и сестрата Лабинот и Мимоза Битучи, и во почетоците имаа канцеларии и развоен тим во регионот (Македонија и Косово). Компанијата иако започна како друштвена мрежа веќе одамна се префли на хардвер и нема допирни точки со друштвената мрежа, која веќе и не постои. Главниот производ на Solaborate сега е алатката за комуникација наречена „Hello“.

Hello е додаток за телевизорите кој го претвора телевизорот во алатка за комуникација. Ова овозможува квалитетен и релативно евтин уред за комуникација, но и споделување на фајлови во тимови чии членови не секогаш се на иста локација.

Со помош на Hello на телевизор може да се користат најпопуларните чет сервиси. Microsoft Teams, Google Hangouts Meet, Zoom, Skype, Cisco WebEx, Facebook Messenger, WeChat, се дел од овие сервиси.

Новите инвеститори во Solaborate овој пат доаѓаат од Данска. EPOS е новооснована данска компанија која работи во здравствениот сектор и е ќерка компанија на Demant Group. Demant Group пак е компанија која работи на аудио решенија и системи за компании и гејминг. Компаниите инвестираа 10 милиони долари, а овие средства ќе бидат наменети за развој на следната генерација Hello уреди, вели Tech Crunch.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top