Бесплатно гледајте филмови и серии со SnagFilms

SnagFilms не е Netflix.

Но, SnagFilms не ни сака да биде Netflix. Ова е веб сајт кој нуди над 2000 филмови, серии и документарни емисии од различен калибар. Нити бара претходна регистрација нити пари. Едноставно го посетувате, одбирате нешто што ви делува релативно интересно и, по кратка реклама, започнувате со гледање во квалитет кој се движи до 1080p.

SnagFilms е интересна дестинација во која, доколку го продолжите престојот, би можеле пријатно да бидете изненадени. За вашето внимание се борат документарци како Spinning Plates и Alive Inside, но и инди и странски филмови како Charade, Carnival of Souls, или Desert Victory. Сите мултимедијални содржини се уредно поставени во соодветни категории. Прелистувањето низ нив е едноставно и без наметливи реклами, со што бргу станува јасно е дека фокусот на SnagFilms е пружање пријатно искуство, а не печалење пари по секоја цена.

Во случај да сакате да ги преселите вашите филмски сесии на некоја паметна направа, имате на располагање соодветни апликации за Android, односно iOS.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
leonardo jovanovski
leonardo jovanovski
2 years ago

tubi e 10 pati podobar i e besplaten

види ги сите огласи на kariera.it.mk