Зошто некој би влечел количка со куп телефони додека на телефоните e отворена апликацијата Google Maps? Неодамна Симон Векерт од Берлин покажа дека сè што е потребно за да ги „збуните“ Google Maps се само 99 телефони што бавно ги влечете по улица.
На улиците немаше премногу сообраќај, но мапите полудеа и покажуваа дека има метеж во сообраќајот. Иронично ова се случи и пред канцелариите на Google во Берлин, пренесе Interesting Engineering.
Причината за тоа зошто Google презентира погрешни податоци е едноставна. Веројатно претпоставувате, за да дојде до податоци Google ги собира од телефоните на своите корисници. Ако има 100 корисници кои се влечат по улиците алгоритамот го толкува ова како метеж.
Повеќе податоци за овој „експеримент“ може да прочитате на блогот на г. Векерт.