Apple работи на свои научно-фантастични oчила?

По Google Glass и непотврдените очила од Microsoft, сега и Apple излезе со најава за свои наочари за проширена реалност. Веста е „обелоденета“ по добивањето на патент од  Американското патент биро. Со оглед на тоа дека барањето за патент е поднесено уште во 2006 година тешко е да претпоставиме за што точно станува збор. Според патентот, уредот ќе обработува податоци кои ќе ги прикаже на дисплејот поставен пред очите на корисникот.

Според Метју Панзарино од The Next Web, овие очила ќе бидат наменети како замена на мониторот. Ова пред се е претпоставка заради помалата мобилност во однос на Google Glass. Патентот не значи дека Apple веќе работи на iGlases, но идејата на Apple за минијатурен компјутер кој постојано е со вас не е целосна без доволно голем „монитор“.

Ова може повторно да ги разбуди шпекулациите за соработка помеѓу Valve и Apple. Пред се поради блогот на Мајкл Абраш во кој, како компјутер кој ќе го „облечете“ се спомнуваат наочари со проширена визуелизација.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Google vs"PATENTITE"
Google vs"PATENTITE"
13 years ago

Не за друго ќе испадне после Apple па да тужат! Ќе испадне они први ги измислиле наочарите со проширена реалност! На крајо на краиштата шо сакат нека прават, Google се подобри и секогаш ќе бидат!!!

Vlatko
Vlatko
13 years ago

од Американското патент "виро"