0 коментари 1 мин. читање

Со Snap ќе може да закачите што сакате на вашиот телефон

Snap е навистина едноставен додаток за телефон од Ерик Чајлд, кој ќе овозможи сите работи кои ги носите по џебовите да бидат „закачени“ за паметниот телефон. Станува збор за едноставна кружна брава која се лепи на телефонот, на која може да се приклучат најразлични додатоци. Snap е со димензии од 3mm во висина и дијаметар од 25mm со што нема премногу да го промени дизајнот на телефонот, а тука е секогаш опцијата да биде залепен на заштитната обвивка околу телефонот.

Snap овозможува и закачување на телефонот на држачи кои би биле поставени во автомобил или на велосипед. Засега нема доволно додатоци кои би можеле да го направат Snap навистина интересен за корисниците, но доколку во иднина се развие екосистемот Snap би можел да биде навистина супер додаток. Snap за почеток чини 12 долари со додаток за слушалки за телефон (првите 500 поддржувачи на Indiegogo кампањата ќе го добијат за 10 долари). За 35 долари донаторите можат да го добијат и додаток за велосипед, а за 45 долари ќе им добијат и додаток за автомобил. За проектот да се оствари сепак ќе треба да се соберат 15.000 долари, а за 45 дена пред крајот на кампањата се донирани 2.500 долари.


Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top