0 коментари 2 мин. читање 22 април, 2014

Floatification за Android ќе ви ги донесе сите нотификации без да изгасите апликациja

Доколку сте фан на Android, но сепак помалку ви е здодеан изгледот или барем делот поврзан со нотификациите на оперативниот систем, тогаш пробајте ја апликацијата Floatification. Апликацијата овозможува нов интуитивен начин за интеракција со нотификациите без разлика што правите во моментот, на пример дали играте игри, гледате видео или барем разгледувате нешто на Интернет. Апликацијата ќе отвори минимален прозорец на вашиот телефон да ве извести доколку ви пристигнала SMS-порака или порака од некоја друга апликација. Доколку притиснете врз овие летечки нотификации – налик на Facebook Chat Heads – ќе може да одговорите на нотификацијата директно без да ја отварате другата апликација.

Со оглед на тоа дека нотификациите честопати доаѓаат кога го користите целиот екран иконите и прозорчињата можете да ги поместите било каде на екранот. За дел од апликациите е потребно да се вклучи поддршката, но потоа и тие функционираат подеднакво едноставно. Додавањето на дополнителни апликации во листата за нотификации се прави преку: Settings ->Security -> Notification access менито. Апликацијата и нејзината целосна верзија се достапни на Google Play, Floatification доаѓа со 14 дневен тест период, а апликацијата чини 2.14 долари.

[youtube]GfG6uUPj8XA[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top