Со овие апликации ќе го користите LinkedIn како прав професионалец

Присутноста на сите најпопуларни друштвени мрежи е понекогаш исцрпувачка, не само поради следењето на новостите и содржините споделени од страна на вашите пријатели, туку и од самиот факт што бројката на овие популарни сајтови се зголемува и повеќето корисници постојано се во очекување на „the next big thing“. Но тоа не треба да ви биде изговор за да не сте на најпознатиот сајт за професионално вмрежување, LinkedIn кој вбројува повеќе од 150 милиони регистрирани професионалци.

Следува мојот избор и образложение за неколку корисни апликации и алатки, наменети за ефективното присуство на оваа професионална мрежа:

  • LinkedInLabs е место каде може да најдете експериментални проекти креирани од тимот на LinkedIn. Тука како интересни би ги издвоила: ResumeBuilder – преку поврзување на вашиот LinkedIn профил, ги собира податоците од вашата страница и од нив гради резиме, кое можете да го менувате, да изберете една од десеттината шеми за изглед и потоа да го зачувате како .pdf фајл. Со користење на оваа алатка, креирате ваше резиме со линк кој можете да го споделите на останатите друштвени мрежи, е-пошта или да го вметнете линкот во потписот на вашата е-пошта.
  • LinkedInMaps овозможува визуелен приказ на профилите со кои сте поврзани на оваа професионална мрежа и притоа генерира групи на луѓето со кои сте поврзани, обележани со различни бои, кои можете вие да ги именувате според тоа што означуваат за вас.

[youtube]PC99Nw2JX8w[/youtube]

  • ConnectionTimeline е алатка за прикажување на анимација за стекнатите поврзувања во текот на вашата кариера, односно од периодот кога сте се приклучиле во мрежата.
  • Signal е начин за прегледно следење на новостите од вашите контакти, групи и компании кои ги следите, преку селектирање на опциите и филтрирање на групите за приказ.
  • Swarm ги прикажува последно понудените работни позиции, најновите блог постови, најпребаруваните компании или клучни зборови во денот и други, со визуелизација на облак од зборовите.
  • Доколку имате WordPress блог, можете да го поврзете со вашиот LinkedIn профил со апликацијата WordPress LinkedIn. Со вметнување на оваа апликација на вашиот профил, апликацијата ги прикажува вашите најнови објави на блогот или постовите кои вие ќе ги изберете, со додавање на тагот LinkedIn.
  • Слична апликација е и BlogLink, преку која можете да ги прикажете вашите блог постови независно од платформата која ја користите. Освен прикажување на вашите најнови постови, апликацијата ги прикажува и блог објавите на вашите контакти.
  • Навистина интересни се и Box.net Files, SlideShare Presentations и Creative Portfolio Display, преку кои можете да ги споделите вашите фајлови, презентации или доколку сте дизајнер, фотограф или уметник, вашето портфолио. Претходно треба да имате Box.net и SlideShare профил, односно Bahance профил, ако ја користите Creative Portfolio Display.
  • Ако често патувате и ја користите апликацијата TripIt, тогаш корисна LinkedIn апликација е и My Travel која ги прикажува патувањата на вашите контакти, како и можностите да се сретнете со некој од нив доколку патувате на исто место.
  • Алатка која најмногу би им користела на корисниците на Microsoft Outlook е Outlook Social Connector. Оваа алатка ви ги прикажува најновите LinkedIn активности на луѓето кои ви испратиле е-меил, па така брзо и лесно ќе можете да се поврзете со новите контакти. Со Email Signature едноставно можете да го креирате вашиот потпис на електронската пошта преку Outlook.
Ако имате iPad, не заборавајте да ја инсталирате новата iPad апликација на LinkedIn.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
saso77
12 years ago

Ova e tokmu toa sto mi trebase. Podolgo vreme sum na Linkedin no ovie aplikacii ke mi pomognat poefikasno i poorganizirano da go iskoristam vremeto pominato tuka.